Wednesday, September 15, 2010

Судбината зачука на мојата врата

Еве што ми испрати другарка ми Мина знаејќи ја мојата опсесија со Опра: http://vest.com.mk/?ItemID=6E40C774BB724E41BE7F87B0DD3739AB што значи ќе мора некако побрзо да се активирам... деновиве како се да стои во место, а јас сепак немам време воопшто ( ни самата не знам како:))) па така ни за проектот за Опра.  
Како и да е, тоа што Опра наводно решава да го заврши шоуто, велам наводно зашто мислам дека е маркетинг трик за поголема гледаност, си го сфаќам како знак дека треба да почнам со проектот.
Од кај знам ако не ништо друго може ќе имам среќа да ме извози со некој авион или сл.  
Засега толку,
Ве поздравува мојата тиркизна аура...
П.С. Уште не ми се јасни работите околу блогирањето и можно е да имам технички проблеми ( со оглед на моето „обично “ познавање на компјутерите) така што отворена сум за сугестии, финти или што било што користите. 


1 comment: