Збирката на текстови со наслов „ Македонска перверзија“ треба да помогне во согледувањето и разбирањето на себеси, нашиот народ , држава, зошто сме таму кај што сме и зошто се ова ни се случува.
Култната турска серија „ Шехерзад“ ја гледа од најмладо до најстаро. Еднаш веќе изгледана, репризирана летово, сега пак гледам ми се појавуваат ликовите на сит е можни балкански канали. Сторијата сите ја знаете. Мене ми беше раскажана и рака на срце, баба ми ја изгледа два пати со се реприза па, понекогаш се забавував распрашувајќи ја за ликовите. ( Јас инаку, немав нерви да ја гледам. Само одвреме навреме по некој дел за да бидам во тек со децата на работа со кои исто така дискутиравме за Шехерзад). Што научивме ние, а посебно децата од омилената ни серија:
1. Жените се продаваат.
2. Жените се продаваат и по вторпат.
3. Ако си самохрана мајка треба да се продаваш.
4. Дадилката се вика Михрибан.
5. Во ред е да се заљубиш во саканата на твојот најдобар другар и во ред е да пробаш да си со неа. Се разбира, тајно.
6. Глават а на фамилијата е свекорот. Нему никој не смее да му се спротивстави.
7. Вистинската глава на фамилијата е свекрвата и таа е најпаметна од сите. За сметка на тоа таа пати и ги поднесува гомнариите од целото семејство. Веројатно поради тоа заболува од рак па сите ја жалат уште повеќе. Преживува.
8. Ако си непослушна свекорот и свекрвата може да те натепаат.
9. Ако прв имаш сексуален однос со девојка и решиш да не си со неа тешко тебе. Ќе пукне голем срам. Ќе те накодоши кај твоите и кај сите. Може да те убијат.
10. Во ред е да патиш и да си несреќен. Посебно ако си жена.
11. Ако швалерот те малтретира и ти се јавува можеш да го убиеш.
12. Ако си маж и ако си заљубен во ред е да си болно љубоморен.
13. Ако си маж не е страшно ако имаш вонбрачни деца. Криј ги.
14. Имај слугинки.
15. Тепај ги слугинките ако не се добри. ( Ова важи и за жени).
16. Малтретирај ги твоите деца. Направи го нивното детство неподносливо.
17. Направи го детството на твоите вонбрачни деца уште понеподносливо.
18. Нека децата бидат сведок на сите идиотски ситуации во семејството. Пожелно е да плачат цело време.
19. Секогаш пати. И моли му се на Алах.
20. Ако си жена биди како авет, немој да си среќна и пати што е можно повеќе.
21. Ако си маж и бизнисмен имај матни бизниси. Прокоцкај ги парите.
22. Ако си маж и имаш некој проблем замини од градот. Нека те нема три дена.
23. Кога ќе си дојдеш не објаснувај ништо никому.
24. Остани фраер засекогаш.
25. Плачи. Многу плачи. (Важи за обата пола).
26. Иако имаш завршено архитектура однесувај се како да си со основно.
27. Ако си жена пожелно е да не работиш. Освен во домот.
28. И да имаш слугинки дома пак направи баклава. Или чисти. Или едноставно пати.
29. Ако си проститутка и ако те откријат во ред е да те убијат.
30. Ако имаш неуспешен брак и ако свекорот те избрка почнуваш да се проституираш.
31. Жали се секогаш. Твојот живот е тежок.
32. Имај лоша судбина.
33. Биди несреќен/на. Однесувај се како ретардиран/на.
34. Продавај се.( важи за жени)
35. Следниот пат продај се поскапо.
И мн.други
Како што може да се увиди од приложеното и кај нас не е многу поразлично. Можеби затоа оваа серија е толку гледана. Луѓето се препознаваат. Не гледам на некој да му засмета Алах или сл. ( што обично во секаков друг контекст им смета). Ме разбирате што сакам да ви кажам. Се е како што ни одговара во моментот. Место децата да гледаат „ Опстанок“ ќе научат како да се вклопат во средниот век во којшто живееме и ќе живееме. Предизвик за понатаму : Опстанете со Шехерзад.
a mozis i da gi pokries 'vistinskite perverzii' sifra: Veleskiot Fritzl, pedofilija vo dom za deca bez roditeli, pedofilija vo sutka, 'vestacki drami', ubistva vo centar na Skopje.... visoki MVR funkcioneri vo droga aferi...
ReplyDeleteНедостасува најавеното во насловот - зошто Беверли хилс е подобра серија. Или за тоа ќе следи 2.5 дел?
ReplyDeleteИнаку, блогот ти е додаден како извор на Пинг.мк и новите написи автоматски ќе се појавуваат во делот Нови: сите, a ако добијат барем еден глас и во другите листи, меѓу кои и на насловна.
btw истото важи и за блогот на Jellee
ReplyDeleteмене ми е омилено "Имај лоша судбина". и да, чекаме за Беверли Хилс..... ;)
ReplyDelete'till then, продавај се. следниот пат продај се поскапо. salut!