Wednesday, September 15, 2010

Судбината зачука на мојата врата

Еве што ми испрати другарка ми Мина знаејќи ја мојата опсесија со Опра: http://vest.com.mk/?ItemID=6E40C774BB724E41BE7F87B0DD3739AB што значи ќе мора некако побрзо да се активирам... деновиве како се да стои во место, а јас сепак немам време воопшто ( ни самата не знам како:))) па така ни за проектот за Опра.  
Како и да е, тоа што Опра наводно решава да го заврши шоуто, велам наводно зашто мислам дека е маркетинг трик за поголема гледаност, си го сфаќам како знак дека треба да почнам со проектот.
Од кај знам ако не ништо друго може ќе имам среќа да ме извози со некој авион или сл.  
Засега толку,
Ве поздравува мојата тиркизна аура...
П.С. Уште не ми се јасни работите околу блогирањето и можно е да имам технички проблеми ( со оглед на моето „обично “ познавање на компјутерите) така што отворена сум за сугестии, финти или што било што користите. 


Friday, September 3, 2010

Македонска перверзија бр.2 - Шехерзад или „Зошто нејќам да растам деца во оваа болно општество“ или „ Зошто е 1000 пати подобро да се гледа „ Беверли Хилс 90210“

Збирката на текстови со наслов  „ Македонска перверзија“  треба да помогне во согледувањето и  разбирањето на себеси, нашиот народ , држава, зошто сме таму кај што сме и зошто се ова ни се случува.
Култната турска серија „ Шехерзад“ ја гледа од најмладо до најстаро. Еднаш веќе изгледана, репризирана летово, сега пак гледам ми се појавуваат ликовите на сит е можни  балкански канали. Сторијата  сите ја знаете. Мене ми беше раскажана и рака на срце, баба ми ја изгледа два пати со се реприза па, понекогаш се забавував распрашувајќи ја за ликовите. ( Јас инаку, немав нерви да ја гледам. Само одвреме навреме по некој дел за да бидам во тек со децата на работа со кои исто така дискутиравме за Шехерзад). Што научивме ние, а  посебно децата од омилената ни серија:
1.      Жените се продаваат.
2.      Жените се продаваат и по вторпат.
3.      Ако си самохрана мајка треба да се продаваш.
4.      Дадилката се вика Михрибан.
5.      Во ред е да се заљубиш во саканата на твојот најдобар другар и во ред е да пробаш да си со неа. Се разбира, тајно.
6.      Глават а  на фамилијата е свекорот. Нему  никој не смее да му се спротивстави.
7.      Вистинската глава на фамилијата  е свекрвата и таа е најпаметна од сите. За сметка на тоа таа пати и ги поднесува гомнариите од целото семејство. Веројатно поради тоа заболува од рак па сите ја жалат уште повеќе. Преживува.
8.      Ако си непослушна свекорот и свекрвата  може да те натепаат.
9.      Ако прв имаш сексуален однос со девојка и решиш да не си со неа тешко тебе. Ќе пукне голем срам. Ќе те накодоши кај твоите и кај сите. Може да те убијат.
10.  Во ред е да патиш и да си несреќен. Посебно ако си жена.
11.  Ако швалерот те малтретира и ти се јавува можеш да го убиеш.
12.  Ако си маж и ако си заљубен во ред е да си болно љубоморен.
13.  Ако си маж не е страшно ако имаш вонбрачни деца. Криј ги.
14.  Имај слугинки.
15.  Тепај ги слугинките ако не се добри. ( Ова важи и за жени).
16.  Малтретирај ги твоите деца. Направи го нивното детство неподносливо.
17.  Направи го детството на твоите вонбрачни деца уште понеподносливо.
18.  Нека децата бидат сведок на сите идиотски ситуации во семејството. Пожелно е да плачат цело време.
19.  Секогаш пати. И моли му се на Алах.
20.  Ако си жена биди како авет, немој да си среќна и пати што е можно повеќе.
21.  Ако си маж и бизнисмен имај матни бизниси. Прокоцкај ги парите.
22.  Ако си маж и имаш некој проблем замини од градот. Нека те нема три дена.
23.  Кога ќе си дојдеш не објаснувај ништо никому.
24.  Остани фраер засекогаш.
25.  Плачи. Многу плачи. (Важи за  обата пола).
26.  Иако имаш завршено архитектура однесувај се како да си со основно.
27.  Ако си жена пожелно е да не работиш. Освен во домот.
28.  И да имаш слугинки дома пак направи баклава. Или чисти. Или едноставно пати.
29.  Ако си проститутка и ако те откријат во ред  е да те убијат.
30.  Ако имаш неуспешен брак и ако свекорот те избрка почнуваш да се проституираш.
31.  Жали се секогаш. Твојот живот е тежок.
32.  Имај лоша судбина.
33.  Биди несреќен/на. Однесувај се како ретардиран/на.
34.  Продавај се.( важи за жени)
35.  Следниот пат продај се поскапо.
И мн.други

Како што може да се увиди од приложеното и кај нас не е многу поразлично. Можеби затоа оваа серија е толку гледана. Луѓето се препознаваат. Не гледам на некој да му засмета Алах или сл. ( што обично во секаков друг контекст им смета). Ме разбирате што сакам да ви кажам. Се е  како што ни одговара во моментот. Место децата  да гледаат „ Опстанок“ ќе научат како да се вклопат во средниот век во којшто живееме и ќе живееме. Предизвик за понатаму :  Опстанете  со Шехерзад.




Македонска перверзија бр.1 - Тоше

Збирката текстови  под наслов „ Македонска перверзија“  треба да помогне во согледувањето и  разбирањето на себеси, нашиот народ , држава, зошто сме таму кај што сме и зошто се ова ни се случува.
Шегата настрана, навистина ми беше жал. Исто како што ми беше жал за сите оние млади луѓе коишто умираат од рак, леукемија, тумор (или не можат да си дозволат лекување), и воопшто за секој млад живот кој ќе се прекине на каков било начин. Значи, исто ми е жал, т.е. не! За младите коишто умираат од неизлечиви болести или се убиени ми е повеќе жал. Извинете многу. Многу ми е жал и зашто оваа наша несреќна земја стана лулка на  некрофилијата. 
За мене нема нешто пострашно  од несреќно дете. Е па, јас се соочував со тоа скоро еден месец  бидејќи предавав во училиште и секој ден имав држев часови со групи со невротични, ненаспани, потечени од плачење и  воопшто, деца на работ на нервен слом. Се разбира поради Тоше. Тие деца беа поттикнувани од нивните учителки, родители и други повозрасни ликови во нивниот живот да плачат, да тажат, да палат свеќи, да се молат, да ги слушаат песните на Тоше за да тажат уште повеќе  и во најрана возраст ( зборуваме за 7,8,9,10 – годишни деца) да доживеат невиден стрес. За да стресот и ужасните слики се врежат  што подлабоко во нивната свест се посветуваа часови на Тоше, не се одеше на училиште, не се пишуваа домашни... Според кажувањата на децата на часовите се пуштале песни од Тоше и се случувало „ колективно плачење“. А деца како деца имаат натпреварувачки дух  и се натпреварувале кое најмногу и  најгласно ќе се изнаплаче.  Па, за да поттикнуваш  такво нешто треба да си ментално болен човек. Но, за нашето образование и луѓето што работат таму поопширно во некој нареден блог . Понатаму,  се организираа „екскурзии“ до Крушево каде што децата би можеле да ја посетат куќата на Тоше и да влезат во неговата соба, пазете, да влезат во неговата соба, само неколку дена по неговата смрт.
Еден господ знае како им беше на семејството на Тоше. Е тие пак, се посебна приказна. Тажна. Во најголема жалост мораа да се соочуваат со секојдневна тортура од страна на медиумите, т.н. најблиски пријатели на Тоше и со илјадници посетители, фанови од коишто 70% беа децата  (сите тие им влегуваа дома)... најидиотско од се беше кога свечено им врачија ѕвезда со името на Тоше. Замислете, луѓето го изгубија својот син  ама ете некој се сети да им „купи“ ѕвезда. И македонската држава се покажа тука. Се гради некаков  меморијален центар и таа идеја ја поздравувам за да не мора разулавените фанови да им влегуваат дома на семејството на  Тоше.
Каков и да беше Тоше, за некои  (сега веќе)ангел, за некои достоен за светец, мултиталентиран, најдобриот глас, најдобриот македонски син, за некои пак просечен пејач, со лош стил и лоши песни, хомосексуалец, подобар од Маријан Стојановски,  кутриот  Toше,не го заслужи ова. Уште помалку неговото семејство. Неговиот последен албум беше депресивен со суицидални текстови. Децата тоа го слушаат. Неговата смрт беше несреќен случај.  И заслужува да се третира така. Не го заслужи овој траор, драма , малтретирање на неговите најблиски, тресење глупости...селективност во жалењето.
Едно прашање до сите вас коишто плачевте и уште плачете за Тоше. Плачете за Тоше? Или можеби плачете за самите вас? Затоа што сте  лицемерни ,бедни и перверзни и имате одвратен живот.  Влеговте во собата на Тоше? Супер за вас. ( Кога би било возможно вашиот  Тошка би ве прегазил со џипот за ова).
Ако толку го сакате Тоше треба да знаете дека ви е многу лут. Зошто не го оставите  него и неговото семејство на мира. Една вечер ми се јави на сон и ми рече:
 „Сакам да почивам во мир. И не сум ангел. И да, животот продолжува.“

Заб. Текстот е напишан во годината кога почина Тоше. Фановите знаат точно која.


Wednesday, September 1, 2010

Oprah, are you there!!!!!!


As I  started creating my blog, I was astonished once again by the internet and the possibilities and what you can do , blah, blah, blah... ( ooooops I've just deleted everything I wrote, please don't put a
 pressure on me, you know which kind of pressure)... as I clicked on my fav.movies "they", "this blog", "the internet", " the others" linked me to some people, to some persons OMG, OMG like we had the same fav. movies, so what? I am so annoyed right now! This was supposed to be one step more to my spiritual awakening, not just another social network. " they", ok the computer is going to find me a soul mate, friends, whatever... Aren't we desperate enough with facebook and other networks-I don't know their names? ,,,,and the people I was linked were really ugly though...Ok, enough about this, I think it's time for me to reveal the punchlines of this blog:
1. I am going to write in English,in Macedonian or maybe sometimes in Serbian or Croatian ( that's because they are the three languages, sorry five, along with Bosnian, that I can speak. The language that is chosen will not depend on anybody or anything but myself. 
Note: Sometimes I will write in Skopje's dialect. That's considered to be Macedonian too. Skopje's dialect is especially inspirational for me. You'll see why.
2. I am going to write whatever I wan't for whoever I wan't, whenever I wan't. Just to make it clear.  I am held responsible for all the misspellings and wrong punctuation done on purpose or not. I am not going to play teacher to you or to myself. I am a teacher in my real life.
3.  The hidden agenda for writing this blog is to become so famous so that Oprah would invite me to be a guest in her show. So, keep your fingers crossed. Also the motto is same as Oprah's : Live your best life!
4. I don't have a camera i.e. I had but I had to give it away to members of family whose lives are more meaningful than mine. I am not sorry, I hate taking photos and I hate to be taken photos at. As I can see so far photos and videos are an important part of one's blog. So, I'll have to do sth about that  ( I wonder what Oprah thinks about that, hmmm)
and hopefully the last 
5. I'll do my best to continue writing this blog and some of you reading it would be a real blast...
So long to the next post, very soon sth about advice and parents

Love from 
Indigochild
P.S. some idiot named Stevie (who also thinks that he is an indigochild) already used the term, supposedly not knowing that I am  a far more powerful indigochild than him... I wonder if his aura is tirquoise also, and if he is a real indigochild or he just used the term...Nevertheless you, ll find me under indigodete. Believe it or not I still don;t know my true address.